Достапни линкови

Порошенко му телефонирал на Путин


Украинскиот претседател Петро Порошенко во телефонски разговор го информирал рускиот претседател Владимир Путин за неговите планови за решавање на проблемите во источниот дел на Украина. Ова го јави новинската агенција Итартас, повикувајќи се на изјавата, портпаролот на Путин, Дмитри Песков, кој не навел детали од разговорот. Путин и Порошенко се сретнаа во минатата недела во Франција, но досега не беше познато дека тие разговарале откако Порошенко во саботата беше инаугуриран за претседател на Украина.
XS
SM
MD
LG