Достапни линкови

Руски тенкови во Украина


Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков денеска изјави дека три руски тенкови, но и други оклопни возила ја минале границата од Русија во источниот дел на Украина кој е под контрола на проруските сепаратисти. Тој прецизира дека тоа се случило во регионот на Доњецк, пред тие да се упатат во Хорливка каде што биле нападнати од владините сили. Аваков додаде дека до ова дошло и покрај ветувањата на Москва дека ќе ја засили контролата на границата. Русија постојано демантира дека им помага на сепаратистите во Украина.
XS
SM
MD
LG