Достапни линкови

НАТО го осуди заробувањето турски државјани во Ирак


 Андерс Фог Расмусен

Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен повика денеска во Мадрид на итно ослободување на околу 50 турски државјани заробени во конзулатот во Мосул, но истовремено ја отфрли можноста за воена интервенција на Алијансата во Ирак. Борците на Исламистичката држава на Ирак и Левант кои од вторникот зазедоа повеќе градови во таа земја се приближуваат кон Багдад. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу претходно им се закани на исламситичките бунтовници со најостри мерки доколку ги загрозат животите на киднапираните.
XS
SM
MD
LG