Достапни линкови

Платини: Блатер ја нема мојата поддршка


Мишел Платини

Мишел Платини

Платини изјави дека на светот на фудбалот му треба нов лидер.

Претседателот на Европската фудбалска федерација УЕФА Мишел Платини денеска изјави дека нема да го поддржи Сеп Блатер во намерата повторно да се кандидира за прв човек на Светската фудбалска федерација ФИФА.

Блатер подолго време е под притисок на јавноста поради изборот на Катар за домаќин на Светското првенство во 2022 година. Сеп Блатер

Сеп Блатер


Тој на Конгресот во Сао Паоло најави дека е подготвен за нов, петти мандат, иако претходно го тврдеше спротивното.

Платини изјави дека на светот на фудбалот му треба нов лидер. „Веќе не го поддржувам. Тоа и му го кажав“, рече Платини. Мандатот на Блатер кој е на таа функција од 1998 му истекува догодина.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG