Достапни линкови

Платини: Блатер ја нема мојата поддршка


Мишел Платини

Мишел Платини

Претседателот на Европската фудбалска федерација УЕФА Мишел Платини денеска изјави дека нема да го поддржи Сеп Блатер во намерата повторно да се кандидира за прв човек на Светската фудбалска федерација ФИФА. Блатер подолго време е под притисок на јавноста поради изборот на Катар за домаќин на Светското првенство во 2022 година. Тој на Конгресот во Сао Паоло најави дека е подготвен за нов, петти мандат, иако претходно го тврдеше спротивното. Платини изјави дека на светот на фудбалот му треба нов лидер. „Веќе не го поддржувам. Тоа и му го кажав“, рече Платини. Мандатот на Блатер кој е на таа функција од 1998 му истекува догодина.
XS
SM
MD
LG