Достапни линкови

Се зголемува бројот на разводи во Македонија


Македонските граѓани се почесто се разведуваат. Во изминатата година имало 6,2 отсто повеќе разводи отколку во претходната 2012 година.

Разводите кај македонските граѓани од минатата година се зголемиле за 6,2 проценти и во 2013 имало 2.045 разведени бракови, покажуваат официјалните податоци. Социолозите кои не се задоволни поради ова зголемување, сметаат дека загрижува тоа што до ненадеен пораст на разводите дошло паралелно со модерното темпо на живеење и со транзицијата во општеството.
Во сите земји расте стапката на разводи со промената на целите на бракот, со промените на положбата на жената во семејството, оти порано била главно дома и зависна од мажот, а сега се менуваат условите за живот.

„Во Македонија тоа било под 10 отсто, но закономерност е, во сите земји расте стапката на разводи со промената на целите на бракот, со промените на положбата на жената во семејството, оти порано била главно дома и зависна од мажот, а сега се менуваат условите за живот“, вели професор Нелко Стојановски.
Душко Миновски.

Душко Миновски.


Душко Миновски од Министерството за труд и социјална политика посочува дека во дисфункционалните бракови, најмногу губат децата бидејќи поради обременетоста со трката за подобар живот доаѓа до уништување на социјалната компонента на семејството.
Ако ја нема емоцијата, тогаш е илузорно да ја градите, меѓутоа често пати луѓето се сакаат, но едноставно немаат трпение и време да се сослушаат еден со друг. Никој не се бави со својата улога на родител, на брачен партнер итн.

„Тие родители сметаат дека треба да им овозможат физички интегритет, да има храна, да им е топло, да има стан, да одат на училиште, да им обезбедат други активности, меѓутоа најважниот момент – гушкањето, споделувањето фактички сè помалку го има и затоа имаме и таков тип на дечиња - нарцисоидни, себични, постојано незадоволни итн.“, вели Миновски.

Социолозите очекуваат овој тренд да продолжи, а во меѓувреме олеснителна околност е и тоа што дојде до либерализација на условите за развод на бракот со можност тоа да се направи кај нотар наместо во суд како досега. До овие податоци доаѓа во време кога владата ги засили своите пораки до граѓаните преку медиумите за важноста на семејството и финансирање кампањи за повеќедетни семејства за што постојано се нудат некакви поволни услови. Меѓутоа, професор Нелко Стојановски вели дека покрај вредностите што ги промовира, владата не успеала да ги подобри социо-економските услови во државата.

„Некои не ги остваруваат ни тие права, за трето дете, оти не ги исплаќаат, а да не зборуваме за две деца ако имате, како ќе ги издржувате, сите трошоци се зголемени, а невработеноста е голема, тоа создава проблеми“, вели Стојановски.

Социолозите дополнуваат дека истите покажуваат дека најчесто претставки има и по однос на економската состојба, односно до израз доаѓа алкохолизмот, неверство, често отсуство од дома.

Статистички гледано, најголемиот број на разводи кај жени или 19,5 отсто се случиле на возраст 35-39 години, додека кај мажите помеѓу 34 и 39 години.

Експертите заклучуваат дека во најдобар интерес и на брачните партнери и на децата е ако тие успеат да ја зајакнат емоцијата која е најважниот темел за зачувување на бракот, но оти ако тоа отсуствува, разводот е подобро решение.

„Ако ја нема емоцијата, тогаш е илузорно да ја градите, меѓутоа често пати луѓето се сакаат, но едноставно немаат трпение и време да се сослушаат еден со друг. Никој не се бави со својата улога на родител, на брачен партнер итн.“, вели Миновски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG