Достапни линкови

logo-print

Лавров - загрижува што нема прогрес за кризата во Украина


Русија вели дека станува се повеќе загрижени од недостатокот на прогерс во напорите да се запре насилството во источна Украина.

Руските новински агенции јавија дека министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров повикал на итна истрага за наводно користење на запаливи бомби, од украински воени сили. Според Лавров, Москва засега не го покренала прашањето за испраќање мировни сили во Украина.

Тој додаде дека Русија ќе претстави пред Советот за безбедност на Обединетите нации нацрт-резолуција за ситуацијата во Украина, со повик до украинската влада да започне со спроведување на планот на ОБСЕ за решавање на кризата.
XS
SM
MD
LG