Достапни линкови

Папата не кажа за кого ќе навива


Папата Франческо испрати порака преку Твитер по повод почетокот на Светското Првенство во Фудбал во Бразил.

Тој изрази надеж дека тоа ќе биде пример за вистинските вредности кои се учат од фудбалот како што се тврдата работа з ада се даде гол, важноста на фер плејот и тимската работа, како и почитувањето на противникот.

Папата, кој е од аргентиско потекло и голем фудбалски фан, не се изјасни за кого ќе навива.
XS
SM
MD
LG