Достапни линкови

Одложена итната седница на ирачкиот парламент


Ирачкиот парламент ја одложи итната седница, на која требаше да се изјасни по барањето на премиерот Нури ал Малики за да прогласи вонредна состојба, поради немање кворум.

Имено, милитантите на „Исламска држава Ирак и Левант“ ја презедоа контролата врз Мосул и Тикрит и киднапираа 80 турски државјани.

Тие држат делови и од Рамади и Фалуџа во западната провинција Анбар. „Исламската Држава Ирак и Левант“ контролира и делови од североисточна сириска провинција Ал Ракџа и сака да воспостави исламска држава во областите на двете страни на границата. Порадиситуацијата во Ирак и Советот за безбедност на ОН треба денеска да се состане.
XS
SM
MD
LG