Достапни линкови

logo-print

Повеќето јавни претпријатија како што се Македонски шуми, Комуналец, Македонија пат, Паркови и зеленило и оние во кои државата е доминантен сопственик не ги исполнуваат своите обврски кон државата, со што се покажува дека Владата има двојни аршини кон неплаќачите.

Нема економска, туку само партиска логика во неисполнувањето на обврските кон државата од страна на јавните претпријатија кои работат нерентабилно, коментираат економските аналитичари откако Управата за јавни работи ја објави првата листа на компании и граѓани кои на државата и должат пари по основ на ДДВ.
Покажува двоен аршин за таму кадешто таа раководи и со јавните претпријатија и со претпријатијата во којашто е доминантен сопственик.


Тоа што повеќето јавни претпријатија како што се Македонски шуми, Комуналец, Македонија пат, Паркови и зеленило и оние во кои државата е доминантен сопственик не ги исполнуваат своите обврски кон неа само покажува дека Владата има двојни аршини, вели економскиот аналитичар Слободан Најдовски. Министерот Диме Спасов и еден од 1.600 те лица вработени во Македонски шуми. работување на 1.600 лица од социјално ранливите категории во јавниот сектор

Министерот Диме Спасов и еден од 1.600 те лица вработени во Македонски шуми. работување на 1.600 лица од социјално ранливите категории во јавниот сектор



„Од една страна ги казнува и ги гони сите оние приватни субјекти кои си ги немаат платено даноците кон државата и тоа е сосема исправно, но велам дека покажува двоен аршин за таму кадешто таа раководи и со јавните претпријатија и со претпријатијата во којашто е доминантен сопственик.“

Сосема нелогично е јавните претпријатија кои пред избори имаа голем број вработувања, да бидат на листата на најголеми должници кон државата, смета аналитичарот Висар Адеми.
А тоа е за да се напумпаат тие бројки за вработување, за да се сместат нивните партиски војниц и да добијат хонорари, тоа не влијае многу на зголемување на долгот, но сепак кажува многу за тоа каква политика водат тие јавни претпријатија.


„А тоа е за да се напумпаат тие бројки за вработување, за да се сместат нивните партиски војниц и да добијат хонорари, тоа не влијае многу на зголемување на долгот, но сепак кажува многу за тоа каква политика водат тие јавни претпријатија.“

Секоја подлабока анализа во работата на јавните претпријатија ќе ви покаже дека тие работат нерентабилно и дека истите се во голема мера партизирани. Цената еден ден ќе ја плаќаат граѓаните, вели Најдовски.

„Тие претпријатија се наоѓаат во една страшно лоша состојба исклучиво по вина на партиите на власт, заради тоа што тие пред се ги третираат како филијали на партиите, а не како установи и институции кои треба да бидат во служба на граѓаните.“

Иако објавувањето на ваква листа е практика на многу развиени држави, според Висар Адеми тоа не е многу паметен потег, за една кревка демократска држава како нашата. Листата вели тој, би можела да има контраефект врз домашните компании и стопанството.

„Особено кон компании кои работат со снабдувачи и продавачи однадвор, ваква листа може да им штети на нивниот бизнис модел. Втора работа, ако се гледа дека лош пример се јавните претпријатија кои се финансирани од буџетот на Република Македонија, тоа е уште една лоша слика која им се дава на граѓаните. “

Според експертите не е невообичаено и Владата да отпише дел од долговите кај јавните претпријатија. Тоа веќе го направи минатата година со јавното претпријатие Македонски шуми, на кое му прости долг од 43 милиони евра, во периодот кога претпријатието вработи 1600 лица. Наместо да ги наплати парите што ова јавно претпријатие ги должи по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, Владата му го прости долгот, а за сметка на тоа, го зголеми бројот на акциите во претпријатието што го поседува во целост.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG