Достапни линкови

Амнести - судењето на демонстрантите во Истамбул е политика


Амнести интернешнал оцени дека судењето на 26 анти владини демонстранти за протестите во јуни 2013 година во Турција, кое почнува утре во Истамбул е политички мотивирано.

Ендрју Гарднер, истражувач на Амнести за Турција, изјави дека нема докази за кривични дела. Активисти ,меѓу кои, лекари, архитекти и инженери - се соочуваат со обвиненија за повреда на јавниот ред и организирање нелегални протести преку социјални медиуми. Ако бидат осудени, тие би можеле да добијат до 29 години затвор.

Најмалку осум лица загинаа, а околу 8.000 беа повредени во протестите кои минатата година започна како еколошка протест во Истанбул, но се претворија во големи национални демонстрации против владеењето на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
XS
SM
MD
LG