Достапни линкови

Време е за фудбал, политиката во аут


Се чини дека политиката и секојдневните проблеми барем накратко ќе бидат оставени во втор план, а сите очи ќе бидат вперени кон Бразил.

Тим за којшто се навива, кафуле каде што ќе се гледа светското, обложување на победниците. Македонските граѓани, и покрај тоа што земјава, не учествува на светското се подготвуваат за најважната споредна работа во светот. Се чини дека политиката и секојдневните проблеми барем накратко ќе бидат оставени во втор план, а сите очи ќе бидат вперени кон Бразил.

„Ќе има подобра атмосфера, ние младите почесто ќе излегуваме, ќе се дружиме.“

„Јас мислам дека политиката ќе остане во втор план, во прв план ќе биде фудбалот и мислам дека фаворит е Бразил, бидејќи се домаќини и имаат добри фудбалери.“

„Ќе биде полно, ќе биде весело, да се гледа надвор, а не дома. Јас 10 години играв фудбал во Америка, во Ман, и фудбалот ми е во крвта, тоа ми е број еден.“

„Не сум некој фан на фудбал, ама мислам дека ќе биде поживо во градот“, изјавија анкетираните граѓани во центарот на Скопје. Социологот Хасан Јашари вели дека додека трае Светското првенство, фудбалската треска ги зафаќа и оние кои не следат фудбал, затоа што, како што вели, тоа е настан кој нема само спортска, туку и социјална димензија.
Сè поголем број на луѓе на некој начин чувствуваат потреба да припаѓаат на одредена група. Секако дека тоа е веќе поинтересна работа, поинтересна занимација, ова е време и на годишни одмори и на некој начин политиката ќе се отстрани од нивниот секојдневен живот.


„Сè поголем број на луѓе на некој начин чувствуваат потреба да припаѓаат на одредена група и така се создаваат овие навивачки групи и тоа е всушност користење на слободното време, дружење и низ тие процеси се создаваат и припадности. Секако дека тоа е веќе поинтересна работа, поинтересна занимација, ова е време и на годишни одмори и на некој начин политиката ќе се отстрани од нивниот секојдневен живот“, вели Јашари.

Кафеанџиите, пак, ги завршуваат последните подготовки да ги привлечат граѓаните да ги гледаат натпреварите токму во нивните локали и тријат раце очекувајќи поголема заработувачка. Сопственикот на Пицеријата Еври деј во Аеродром, Владимир Темелковски, вели дека кафулињата и рестораните очекуваат зголемен промет, но оти намалување ќе се почувствува кај дискотеките и клубовите.
Главниот натпревар е од 21 часот, претходниот е од 18 часот, само последниот натпревар е од 24 часот и реално мислам дека ќе ни се излезе во пресрет да ни се даде продолжување на работното време, ама моментално од Град Скопје немаме такви најави.


„Главниот натпревар е од 21 часот, претходниот е од 18 часот, само последниот натпревар е од 24 часот и реално мислам дека ќе ни се излезе во пресрет да ни се даде продолжување на работното време, ама моментално од Град Скопје немаме такви најави“, вели Темелковски.

Со сличен став и сопственикот на ресторанот Стоби во центарот на Скопје, Благоја Урдин.

„Ние ќе се концентрираме на минувачите. Очекуваме за време на натпреварите да има зголемен обем на работа. Поради тоа се снабдивме со повеќе телевизори“, вели тој.

Работното време на угостителските објекти летно време е до 1 часот по полноќ, што значи дека последниот натпревар нема да може да се гледа во кафуле. Во Град Скопје велат дека тие не можат да дозволат пролонгирање и оти тоа е во надлежност на Министерството за економија, но, веројатно поради промените во министерството при формирањето на нова влада не успеавме да стапиме во контакт со надлежните дали ќе дозволат продолжување на работното време.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG