Достапни линкови

Убиени четиринаесет милитанти во Пакистан


Најмалку 14 милитанти во северозападниот племенски регион на Северен Вазиристан, се убиени во организиран напад на американски беспилотни летала.
Радио Машал јави дека нападите биле насочени кон возилата на милитантите.
Овие напади од страна на американската војска се случуваат првпат годинава.
Се уште не е познато дали убиените биле странски или локални талибански милитанти. Нападот се случува откако пакистанските талибанци потврдија дека узбекистански милитанти биле распоредени во нападот на аеродромот Карачи на 8 јуни, во кои загинаа најмалку 37 луѓе се мртви.
XS
SM
MD
LG