Достапни линкови

Објавен извештајот за "Нации во транзиција 2014"


Во новиот извештај на Фридом хаус се вели дека Русија ги донесе земјите од пост-советскиот сојуз под влијание на "ново, алармантното ниво на репресија" во текот на изминатата година. Извештајот за "Нации во транзиција 2014", објавен на 12 јуни, покажува дека просечната демократска оценка опаднала во 2013 година - како и во секоја година за изминатата деценија. Корупцијата се зголемила во поранешниот Советски Сојуз, Балканот и Централна Европа. Во 12 поранешни советски земји кои не се членки на ЕУ, демократијата е во "стрмен пад" за повеќе од една деценија. Сепак, граѓанското општество покажало флексибилност во Украина и Киргистан во 2013 година. На Балканот исто така се регистрирани позитивни случувања, вклучувајќи ги и продуктивни преговори меѓу Приштина и Белград во врска со етничките српските области на Косово. Но, во истражувањето се наведува дека "нефункционалните" влади продолжуваат да дават негативни резултати за демократијата.
XS
SM
MD
LG