Достапни линкови

logo-print

Лавров бара примирје во источна Украина


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека украинската влада мора да ја прекине воената операција и се согласи на примирје со сепаратистите во источниот дел на земјата. Лавров ова го соопштил во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери на 11 јуни.
Во меѓувреме, новиот претседател на Украина Петро Порошенко сигнализираше дека e подготвен да одржи разговори со противниците во источна Украина, ако про-руските сепаратисти кои водат бунт таму се согласат да го положат оружјето. Порошенко беше цитиран од страна на неговата прес-службата како му кажува на гувернер на регионот Доњецк на истокот на Украина дека тој не би го отфрлил одржувањето "тркалезна маса" на разговори со "различни партии."
Тој исто така, телефонски разговарал со американскиот потпретседател Џо Бајден, кој изјави дека Москва мора да го признае Порошенко како легитимен лидер на Украина, да престане да ги поддржува про-рускиот сепаратисти и да се спречи оружје што се одлева преку граница.
XS
SM
MD
LG