Достапни линкови

logo-print

Путин и се закани на Украина


Претседател Владимир Путин изјави дека Украина ги доведува преговорите за гасот кон "ќор-сокак" со барањето за дополнително попусти. Путин му наложи на премиерот Дмитриј Медведев да ја формализира одлуката за намалување на цената на гасот што Киев ја плаќа за 1.000 кубни метри - од 485 до 385 долари. Намалувањето доаѓа во форма на ослободување од извозни давачки за Украина поврзани со гасот. Путин изјави дека Киев сака поголем попуст и предупреди дека ако Украина ќе ја одбие понудата, "Русија ќе оди на различни фази во односите со Киев." Претходно, рускиот гигант за гас Газпром и даде на Украина уште една недела пред да почне да бара претплата за гас. Извршниот директор Алексеј Милер соопшти дека крајниот рок ќе биде 16 јуни.
XS
SM
MD
LG