Достапни линкови

Избран нов претседател на Генералното собрание на ОН


Министерот за надворешни работи на Уганда Сем Кутеса е избран за претседател на Генералното собрание на ОН и покрај загриженоста во врска со анти-геј законодавството на неговата земја. Кутеса вети дека ќе продолжи да ги промовира родовата еднаквост и правата на жените, целта на Обединетите нации за искоренување на сиромаштијата и борбата против климатските промени.
Тој не го постави прашањето за правата на хомосексуалците. Кутеса доби едногласна поддршка на делегациите во африканската група, група на африканските нации во ОН. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, ја повика Уганда да го укине законот за наметнување остри казни за хомосексуалноста, предупредувајќи дека тоа би можело да ги поттикне предрасудите и да го охрабри вознемирувањето и насилство против лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци.
XS
SM
MD
LG