Достапни линкови

Протестираше поради сиромаштија, го казнија за нарушување јавен ред


Јордан Настески легна на сред улица во Прилеп поради блокирана сметка и немање пари да си го прехрани семејството, полицијата го привела го казнила 100 евра за нарушување на јавниот ред и мир.

Седумдесет и двегодишниот Јордан Настески од прилепското село Галичани се соочува со сериозни социјални проблеми. Од неговата скромна пензија од 11.000 денари ја обезбедува егзистенција на целото семејство, со три внуки, од кои две ученички. Никој не е вработен, произведуваат тутун, земаат ниви под закуп, но количествата што ги произведуваат се мали, сега и откупните фирми ги ограничуваат количествата, па кога ќе им се исплатат пари, не знаат која заостаната сметка да ја платат побрзо.
Син ми операција е направен, јас од карцином две операции, жена ми од задуф страда, немам пари за лекови, а не ова што ми го правите. Викнаа полиција, ме грабнаа, слушајте, не тргајте ме море, онде ќе легнам реков, на џаде, нека ме изгазат подобро, да не ги гледам реков гревовите на децата, ова држава не е, ова е најлошото место.

За предадениот тутун во 2012 година, тој не платил данок од околу 5.000 денари, не успеал да обезбеди пари, па сега УЈП му ја блокира сметката. Тој е избезумен, не знае како ќе ги обезбеди овие пари, вели го допреле крајот од проблемите со кои се соочуваат.

„И блокирана сметката ми е, не ми даваат пари, море луѓе одблокирајте ми ја сметката, што преостанува некој динар, да земам леб дома да однесам, седум души сум, верувајте на моја пензиичка живееме, верувајте ми, ви кажувам човечки, оти крајно е, кршен динар дома немам. Добро, појди кај оној, а тој вели, мора да го платиш данокот, па после да ти се одблокира“, се жали Настески.
Јордан Настески од прилепското село Галичани и Влатко Ристески, претседател на невладината организација ОДРАЗ.

Јордан Настески од прилепското село Галичани и Влатко Ристески, претседател на невладината организација ОДРАЗ.


Освен со сиромаштија, семејството се соочува и со здравствени проблеми.
Преку нашите странски донатори овозможивме чичко Орде да си ја добие пензијата, да си ја плати казната, макар што таа казна ние не ја признаваме, затоа што во таа казна е наведено прекршување на јавниот ред и мир, дрско однесување, а чичко Орде само ја обавил својата граѓанска должност, го изразил револтот.

„Син ми операција е направен, јас од карцином две операции, жена ми од задуф страда, немам пари за лекови, а не ова што ми го правите. Викнаа полиција, ме грабнаа, слушајте, не тргајте ме море, онде ќе легнам реков, на џаде, нека ме изгазат подобро, да не ги гледам реков гревовите на децата, ова држава не е, ова е најлошото место“, ја раскажува својата мака Настески.

Полицијата го привела и како што вели, му поднела пријава за нарушување на јавниот ред и мир, па сега треба да плати 100 евра.

А, од невладината организација ОДРАЗ од Прилеп, тврдат дека согласно со член 21 од Уставот на Република Македонија, секој граѓанин без најава, може на кое било место да го манифестира својот револт и среде улица и на магистрален пат, а при тоа полицијата не само што не треба да го спречува, туку треба да го обезбедува. Во овој случај со Настески, како што вели претседателот на ОДРАЗ, преку правната служба ќе поднесат претставка до одделот за внатрешна контрола, за да го испита однесувањето на полицајците кои го привеле и казниле.

„Преку нашите странски донатори овозможивме чичко Орде да си ја добие пензијата, да си ја плати казната, макар што таа казна ние не ја признаваме, затоа што во таа казна е наведено прекршување на јавниот ред и мир, дрско однесување, а чичко Орде само ја обавил својата граѓанска должност, го изразил револтот затоа што оваа власт не размислила дека може да страда цело семејство од тој приход што му го запреле“, вели Влатко Ристески, претседател на ОДРАЗ.

Од СВР Битола потврдуваат дека на Настески му е издаден платен налог за направен прекршок согласно со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Како што вели портпаролката Сања Стаматовска, полицијата интервенирала по пријава на граѓани. Настески не се отповикал на предупредувањата на полицајците, па издаден му е платен налог, законската казна како што вели е помеѓу 100 и 400 евра.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG