Достапни линкови

logo-print

Путин и понуди попуст за гасот на Украина


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да се намали за 100 цената на гасот кој Киев ја плаќа за 1.000 кубни метри руски гас, односно од бараните 485 на 385 долари.

Путин изјави дека понудата е направена во духот на партнерство и предупреди дека ако Киев ова го одбие нештата ќе имаат сосема поинаква димензија.

Меѓутоа, украинскиот министер за енергетика Јуриј Продан рече Киев не ја прифаќа понудата и оти е подготвен да оди пред Меѓународниот арбитражен суд во Стокхолм. Украина е подготвена да плати 268 за 1.000 кубни метри гас.
XS
SM
MD
LG