Достапни линкови

logo-print

По Мосул и Тикрит во рацете на исламските милитанти


Милитантите поврзани со Ал Каеда ја презедоа контролата врз поголемиот дел од централниот ирачки град Тикрит.

До ова доаѓа само еден ден откако борците на „Исламската држава Ирак и Левант“ ја презедоа контролата врз Мосул, вториот по големина град во Ирак, и поголемиот дел од северната покраина Нинева.

Тикрит е главен град на провинцијата Салахедин и е на половина пат меѓу Багдад и Мосул. Премиерот Нури ал-Малики побара од парламентот да прогласи вонредна состојба.

САД соопштија дека таканаречената „Исламска држава Ирак и Левант“ претставува закана за целиот регион, и вети помош во борбата против агресијата на овие милитанти.
XS
SM
MD
LG