Достапни линкови

Исламистичкото движење на Узбекистан одговорно за нападот во Карачи


Аеродромот во Карачи

Аеродромот во Карачи

Исламистичкото движење на Узбекистан, ја превзеде одговорноста за нападот врз аердромот во Kарачи, Пакистан. Во денешното соопштение, оваа група тврди дека 10-мина нејзини борци се жртвувале за време на нападот, во кој беа убиени и 27 лица. Исламистичкото движење на Узбекистан, кое е активно во Авганистан и во Пакистан, е на американската листа на терористички организации. Портпарол на пакистанските талибанци изјави дека нападот бил изведен заеднички.
XS
SM
MD
LG