Достапни линкови

Без енергетска безбедност нема економски развој


Целта на енергетската заедница е проширување на енергетскиот пазар и создавање стабилна регулаторна рамка за привлекување инвестиции, заклучија на Форумот за енергија.

Енергетската безбедност на Македонија и целиот Западен Балкан како и унапредувањето на трансатлантската соработка на ова поле беше тема на форумот кој го организира американската амбасада во Скопје.
Инволвираноста на приватниот сектор исто така е важна за енергетскиот сектор, за да и понатаму се охрабруваат енергетските компании во САД да инвестираат и да тргуваат со Македонија.


„Откако Македонија стана земја кандидат, САД имаат дадено голема финансиска помош во различни области. Инволвираноста на приватниот сектор исто така е важна за енергетскиот сектор, за да и понатаму се охрабруваат енергетските компании во САД да инвестираат и да тргуваат со Македонија и со регионот“, изјави амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.
Регионалната соработка на земјите и развивањето на нивните пазари на електрична енергија е една од темите на денешниот енергетски форум. Основните извори на енергија се ограничени и енергетскиот сектор е соочен со големи предизвици како што е намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид и неефикасно користење на енергијата, посочи евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав.
Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија во 2013 вели дека постои одреден напредок во областа на енергетиката.


Други важни прашања се потребата од замена на старите капацитети што ќе бара значителни инвестиции во енергетската структура, истакна Орав. Целта на енергетската заедница склучена меѓу ЕУ и осум земји од Југоисточна европа е проширување на енергетскиот пазар и создавање стабилна регулаторна рамка за привлекување инвестиции заради континуирана достава на енергија и унапредување на доставата.

„Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија во 2013 вели дека постои одреден напредок во областа на енергетиката особено во однос на енергетската ефикасност и регулаторната рамка на пазарот на електрична енергија и природен гас, напредок кон делотворно функционирање на енергетскиот пазар беше постигнато со одложување на дополнително отворање на пазарот. Има одредени подобрувања, сакам да ја поттикнам владата да ја забрза примената на обврските што произлегуваат од договорот“, посочи Орав.

Владата треба да финализира некои од веќе започнатите ревизии на законите и да постигне надминување на бариерите на националниот пазар т.е до јануари 2015 година земјата да обезбеди целосна либерализација на пазарот и да развие предлози по пазарните принципи во однос на регулирање на енергетските цели, додаде Орав. Воспоставувањето на единствен енергетски пазар на земјите од енергетската заедница ќе им овозможи на ЕУ и земјите од Западен Балкан подобро енергетско поврзување и снабдување, посочи Орав.
XS
SM
MD
LG