Достапни линкови

ОБСЕ бара од Таџикистан да го деблокира Јутјуб



ОБСЕ денеска побара од Таџикистан да овозможи пристап до Јутјуб. Дуња Мијатовиќ, во денешното соопштение, ги повика властите во Таџикистан да им овозможат на граѓаните непречен пристап на интернет, а побара и објаснување за блокадата на Јутјуб. Главните интернет провјадери во Таџикистан, од 9-ти овој месец, не овозможуваат пристап до Јутјуб. Причината за блокадата не е позната. Ова не е прв пат властите во Таџикистан да блокираат одредени интернет страници или социјални мрежи.
XS
SM
MD
LG