Достапни линкови

Шефот на ОБСЕ во посета на источна Украина и Русија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Москва треба да разговара за украинската криза со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер. Лавров најави дека ќе го покани Заниер да го посетат Ростов на Дон и да се сретнат со бегалците од Украина. Според Лавров, таму има околу 30 илјади бегалци. Се очекува заниер да ги посети и источните украински региони Луганск и Доњецк.
XS
SM
MD
LG