Достапни линкови

Инцидент во пограничната зона меѓу Иран и Пакистан


Иранските сили истрелале проектили на пакистанска територија, во провинцијата Балучистан, соопштија претставници на пограничните служби на Пакистан. Нема извештаи за повредени. Пакистанските сили одговориле со истрелување на неколку гранати кон Иран. За овој инцидент засега нема информација од Техеран, а до него доаѓа неколку дена откако 23-ца шиитски муслимани од Иран беа убиени во пакистанската провинција Балучистан.
XS
SM
MD
LG