Достапни линкови

logo-print

Апел за поддршка на Светското фудбалско првенство


Бразилската претседателка Дилма Русеф

Бразилската претседателка Дилма Русеф

Бразилската претседателка Дилма Русеф со обраќање до јавноста во вторникот се обиде да ја придобие нацијата да го поддржи Светското првенство во фудбал што почнува на 12 овој месец.

Претседателката Дилма Русеф и покрај острите протести против Светскиот куп и парализирачките штрајкови кои веќе една година предизвикуваат хаос во многу градови изјави дека сите бразилци треба да застанат зад нивната репрезентација која се подготвува за почетниот меч на првенството со репрезентацијата на Хрватска.

„Нашите фудбалери ја претставуваат нашата нација“, порача Русеф во говорот кој, според посматрачите, е јасен обид да ги отргне критиките дека во Бразил нема големо расположение поради тоа што е домаќин на Светскиот куп.

Таа ги прекори и оние што упатија критики поради потрошените над 11 милијарди долари за организирање на првенството. Во врска со наводите за корупција таа изјави дека сите тие ќе бидат анализирани и оти одговорните ќе бидат казнети.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG