Достапни линкови

Протест на таксистите во неколку европски градови


Таксистите низ Европа планираат да блокираат улици во текот на денов во знак на протест. Се очекува да учествуваат и такси возачите во Лондон, Берлин и Париз. Тие протестираат против американската такси компанија - Убер.
Компанијата Убер со седиште во Сан Франциско им овозможува на клиентите да резервираат и плаќаат за такси преку апликација од своите телефони. Таа исто така предвидува и втора апликација за возачите при пресмтка на цената на патувањето.
Таксистите се жалат на нелојалната конкуренција, без обврсска за усогласување со регулативите, вклучувајќи го и плаќањето на трошоци за лиценцирање.
XS
SM
MD
LG