Достапни линкови

Иранските сили објавија дека стојат зад фрлените гранати на пакистанска територија


Иранските сили објавија дека фрлиле гранати на територијата на Пакистан. Властите во покраината Балучистан и портпаролот на пакистанската гранична полиција за локалните медиуми изјавија дека инцидентот се случил на 10 јуни. Официјални лица изјавија дека гранатите паднале два километри од граничниот премин во она што беше наречено како напуштена област. Нема извештаи за жртви. Инцидентот се случи само неколку дена откако 23 шиитски муслимани од Иран загинаа во покраината Балучистан.
XS
SM
MD
LG