Достапни линкови

САД го повика Киев да соработува со ООН и хуманитарните групи за заштита на цивилите


САД го повика Киев да работи со Обединетите нации и други хуманитарни групи за да се обезбеди безбедноста на цивилите кои бегаат од борбите во источниот дел на Украина. Портпаролката на Стејт департментот, Јен Псаки ова го изјави откако украинскиот претседател Петро Порошенко нареди коридори за евакуација за да им помогне на цивилите да избегаат од борбите меѓу про-руските сепаратисти и владините сили во источниот дел. Службата за државна безбедност подоцна соопшти дека работи со други тела за спроведување на законот да се воспостави "безбедносен коридор" во согласност со предлогот на Порошенко. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на состанокот на полските и германските министри за надворешни работи во Санкт Петербург, го поздрави потегот на Порошенко." Во неговиот прв работен ден по преземањето на функцијата, Порошенко започна со формирање на тимот околу себе именувајќи го богатиот медиумски претприемач, Борис Лецкин, како негов шеф на кабинет.
XS
SM
MD
LG