Достапни линкови

logo-print

Иран: Рохани подготвен за конечен договор за нуклеарната програма


Претседателот Хасан Рохани соопшти дека Иран ќе направи се што може за да обезбеди договор со светските сили за својата спорна нуклеарна програма. Рохани изјави на бизнис форумот во Анкара на 10 јуни дека "Иран ќе стори сé за конечен договор со П5 +1," составен од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН - Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД - плус Германија. Изјавата на Рохани дојде откако Иран и САД се сретнаа зад затворени врати на вториот ден од разговорите во Женева за нуклеарната програма на Техеран, која според тврдењата наЗападот има воени цели. Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Арачи потоа рече дека Иран ќе одржи билатерални разговори со останатите членови од П5 +1 во наредните денови со цел "да се дојде до подобро разбирање на разликите." Иран и П5 +1 си го поставија за краен рок 20 јули за претворање на привремената спогодба од ноември во конечен договор. Уште една рунда на разговори меѓу Иран и П5 +1 е закажана за 16-20 јуни во Виена.
XS
SM
MD
LG