Достапни линкови

САД и ООН изразија загриженост околу милитантните дејствија во Ирак


САД и Обединетите нации изразија загриженост откако милитантите ја презедоа контролата над поголемиот дел од вториот по големина град во Ирак. Милитантите од Исламската држава во Ирак и Левант на 10 јуни ја презедоа контролата над Мосул и голем дел од северната провинција Ниневија, по неколку дена тешки борби. Портпаролката на Стејт департментот, Јен Спаки изјави дека милитантите на ИСИЛ претставуваат закана за целиот регион. Таа рече дека Вашингтон поддржува"силен, координиран одговор против оваа агресија". Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, ги повика ирачките политички лидери "да покажат национално единство во борбата против заканата ." Ирачкиот премиер Нури ал-Малики побара од парламентот да прогласи вонредна состојба. Борците на ИСИЛ држат делови од Рамади, главниот град на западната провинција Анбар, и поголем дел од блискиот град Фалуџа од почетокот на јануари.
XS
SM
MD
LG