Достапни линкови

Лавров ја поздрави одлуката за хуманитарен коридор во источна Украина


Санкт Петербург, 10.06.2014

Санкт Петербург, 10.06.2014

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека Москва ја поздравува одлуката на Украина да воспостави хуманитарен коридор во источна Украина, каде што владините сили ги продолжуваат борбите со про-руските сепаратисти. Лавров, на заедничката прес конференција во Аснт Петербург со шефовите на дипломатиите на Германија и на Полска, изрази надеж дека одлуката на украинскиот претседател Порошенко не е воен потег со кој ќе им се дадат одврзани раце на безбедносните сили. Лавров додаде дека запирањето на воените операции против бунтовниците е клучно за смирување на кризата.
XS
SM
MD
LG