Достапни линкови

Мосул под контрола на милитантите - грабнати турски возачи


Дваесет и осум турски возачи на камиони биле грабнати во северниот ирачки град Мосул од групата „Исламска држава во Ирак и Левантот.

Тие, според турските медиуми, биле грабнати додека превезувале дизел гориво од јужното турско пристаниште Искендерун за Мосул.

Инаку, милитантите на „Исламската држава Ирак и Левант“ денеска ја повратија контролата врз Мосул втор по големина град во земјата, кој се наоѓа на 360 километри северо-западно од Багдад.
XS
SM
MD
LG