Достапни линкови

Пет војници на ИСАФ веројатно загинале од „пријателски оган“


Пет војници на мисијата ИСАФ загинаа вчера во јужен Авганистан од најверојатно таканаречен „пријателски оган“ инцидентот.

ИСАФ соопшти дека нивната единица дошла во контакт со непријателски сили, но оти за жал, постои можност дека војниците загинале од „пријателски оган“ и оти инцидентот е под истрага.

Тоа претходно го изјавија авганистански преставници. Според американски преставници сите војници биле Американци. Во Авганистан оваа година загинаа 36 војници на НАТО.
XS
SM
MD
LG