Достапни линкови

logo-print

Несогласувања околу новиот претседател на ЕК


Германската канцеларка Ангела Меркел ја потврди својата поддршка за Жан-Клод Јункер од Луксембург како следен претседател на Европската комисија. Меркел ова го потврди на дводневниот состанок во Шведска со премиерите на Британија, Холандија и Шведска Дејвид Камерон, Марк Рут и Фредрик Рајнфелд.

Камерон пак е противник долгогодишен премиер на Луксембург, Јункер да го замени Жозе Мануел Баросо кон крајот на оваа година. Рајнфелд и Рут јавно не го изразија мислењето за Јункер. Јункер е поддржан од страна на Европската народна партија, најголемата централно-десничарската групација во Европскиот парламент.

За Камерон, Јункер е федералист кој сака приближување на членки тена ЕУ во време кога британските јавното мислење подржува преиспитување на односите на Лондон со Брисел. Европскиот парламент ќе ја донесе конечната одлука за следниот претседател на Европската комисија во средината на јули.
XS
SM
MD
LG