Достапни линкови

Мосул под контрола на милитантите на „Исламска држава Ирак и Левант“


Мосул

Мосул

Милитантите на „Исламската држава Ирак и Левант“ во северниот град на Ирак од Мосул ја повратија контролата врз вториот по големина град во земјата.

Десетици силно вооружени милитанти упаднаа во зградата на Владата на провинцијата Нинева, а гувернерот Ател ал Нуџаифи успеал да избега. Тие ја освоиле и полициската станица и затворот и ги ослободиле затворениците.

Според Гувернерот, полицијата и војската ги напуштиле позициите. Претходно, тој упати апел до жителите на градот да се борат против милитантите. По неколку дневни борби, милитантите напредувале на југ кон воената база.

Мосул се наоѓа на 360 километри северозападно од Багдад.
XS
SM
MD
LG