Достапни линкови

Повторно битка околу аеродромот во Карачи


Голема битка се води во близина на аеродромот Карачи каде безбедносни сили повторно денеска се под жесток напад од милитанти.

При тоа, петмина припадници на безбедносните сили загинале. Станувало збор за напад врз тренинг центарот на безбедносните сили, но летовите на аеродромоот се одложени.

Армијата на Пакистан испратила дополнителни сили. До ова доаѓа еден ден по опсадата на аеродромот од страна на пакистанските талибанци при што загинаа најмалку 35 луѓе.

Нападот бил во знак на одмазда поради загинување на нивен лидер при напад со американско беспилотно летало минатата година.
XS
SM
MD
LG