Достапни линкови

Тврдо приземјување во Бразил


Пред да ги бодрат нивните репрезентации на стадионите, фудбалските навивачи кои пристигнуваат во Бразил најпрвин ќе се соочат со тврдо слетување и големи метежи на аердромите.

Бразилските власти инсистираат дека се подготвени за Светското првенство, но тоа не го мислат и навивачите.

Колку за пример, властите имаа седум години да го подготват бразилскиот најголем аеродром Гуарулхос, во Сао Паоло, но досега само една четвртина од проектот вреден над милијарда и триста милиони долари е во функција.

Експертите сметаат дека најголема вина за ова ја сноси бразилската влада односно нејзиното недобро планирање и мешање во приватниот сектор.

Претседателската Дилма Русеф ги отфрла оценките дека Бразил не бил подготвен.

Префорсирана инфраструктура, според неа, е знак дека земјата напредува и се повеќе расте средната класа во Бразил.

„Ние не ги градиме аеродромите за Светскиот куп или за ФИФА. Ние ги градиме за Бразилците“, рече таа.

Всушност летањето е практичен избор за повеќето во Бразил кој е голем како Континент.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG