Достапни линкови

Во Авганистан загинаа 5 војници на ИСАФ


Пет војници на мисијата ИСАФ на НАТО се убиени во јужен Авганистан.
Во денешното соопштение на Алијансата, се наведува дека сите пет војници загинале вчера, но нема детали како тоа се случило.

Според авганистански извори, војниците загинале во таканаречен „пријателски оган“ во провинцијата Забул.

Националноста на војниците ја соопштуваат земјите членки на НАТО и ИСАФ од каде што доаѓаат војниците. Во Авганистан оваа година загинаа 36војници на НАТО.
XS
SM
MD
LG