Достапни линкови

logo-print

Милитанти држат заложници на Универзитет во Анбар, Ирак


Спорадичните судири на универзитетскиот кампус во градот Рамади во провинцијата Анбар, Ирак продолжија и вчера, откако милитантите од Исламската држава на Ирак и Левант, поврзани со Ал Каеда, пред три дена упаднаа во кампусот. Ирачкиот сервис на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на безбедносни извори, објави дека милитантите сè уште држат најмалку 15 вработени во Универзитетот Анбар како заложници. Жестоки судири меѓу безбедносните сили и милитантите има и во градовите Фалуџа и Гарма, исто така во провинцијата Анбар. Исламската држава на Ирак и Левант и други сунитски милитанти од крајот на декември контролираат делови од провинцијата Анбар, вклучувајќи го и градот Фалуџа и делови од Рамади.
XS
SM
MD
LG