Достапни линкови

logo-print

Штрајк на метрото во Сан Паоло на првиот ден од Мундијалот?


Вработените во метрото во бразилскиот град Сан Паоло најавија дека ќе го стават на пауза штрајкот на два дена. Во Сан Паоло се одржува првиот натпревар од Светското првенство во фудбал. Сепак синдикалните лидери велат дека утре ќе гласаат за тоа дали штрајкот да продолжи и на 12 јуни, денот кога треба да започне Мундијалот.

Властите се длабоко загрижени за штрајкот, бидејќи метрото е главното превозно средство за навивачите кои ќе присуствуваат на првиот натпревар меѓу Бразил и Хрватска.

Работниците бараат повисока плата за 12 проценти, но владата вели дека нема да понуди повеќе од 8,7 проценти.

Претходно полицијата употреби солзавец за да принуди околу 100 штрајкувачи да запрат со штрајкот. Тие штрајкуваат петти ден.
XS
SM
MD
LG