Достапни линкови

Разговорите за иранската нуклеарна програма во критична точка


САД се надеваат дека директните разговори со Иран што се одржуваат во Женева ќе доведат до напредок во разговорите за нуклеарната програма на Техеран. Крајниот рок за постигнување траен договор е 20 јули. Портпаролката на Стејт департментот Хери Харф рече дека САД не виделе „доволно реализам на маса“ и додаде дека разговорите се во критична точка.

„Се надеваме дека разговорите, како и другите билатерални дискусии, може да ни помогнат да дојдеме до посакуваната цел“, рече таа.

Претходно, иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Аракчи, кој е шеф на иранскиот преговарачки тим, оцени дека првиот ден од разговорите во Женева бил „позитивен и конструктивен“. Иран и шесте светски сили се обидуваат до 20 јули да постигнат сеопфатен договор за разрешување на деценискиот спор за иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG