Достапни линкови

Турција и Иран против екстремизмот на Блискиот Исток


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера ја посети Турција во обид да ги подобри економските односи меѓу двете земји. Тој се сретна со неговиот турски колега Абдула Ѓул и со премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Историската посета на Рохани доаѓа во време на затегнати односи меѓу Иран и Турција поради конфликтот во Сирија. Анкара ја поддржува вооружената опозиција, додека Техеран е на страната на режимот на претседателот Башар ал-Асад.

На прес-конференцијата по разговорите, Рохани рече дека му испратил честитки на Асад по минатонеделниот реизбор на претседателската функција. Според Турција, пак, изборите се „ништовни и неважечки“. Рохани исто така рече дека Турција и Иран се согласиле да работат заедно на запирање на екстремизмот и крвопролевањето на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG