Достапни линкови

logo-print

„Меѓусебно разбирање“ меѓу Москва и Киев


Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека Москва и Киев постигнале „меѓусебно разбирање“ за клучните делови од планот предложен од претседателот Петро Порошенко за прекин на насилствата во источниот дел на Украина, кој е под контрола на проруските сепаратисти. Во вчерашното соопштение не се наведуваат детали по вториот ден од разговорите на „контакт групата“ составена од Русија, Украина и од ОБСЕ. Се уште нема коментар од руска страна. Во моментов Швајцарија претседава со ОБСЕ и швајцарската дипломатка Хајди Таљавини ја претставува организацијата во преговорите. По првиот ден од преговорите завчера, Порошенко рече дека борбите мора да завршат оваа недела. Во меѓувреме, украинските сили вчера разменија оган со проруските сепаратисти кои го контролираат градот Славјанск на истокот на земјата.
XS
SM
MD
LG