Достапни линкови

Временска прогноза - сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 27 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

И во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и топло, но сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.
XS
SM
MD
LG