Достапни линкови

Разговори меѓу Иран, САД и ЕУ


Дипломати од Соединетите држави, Европската унија и Иран денеска почнаа дводневни разговори во Женева, јави иранската новинска агенција. Се прецизира дека американскиот тим го предводи заменик државниот секретар Вилијам Барнс, предводниик на европскиот тим е Хелга Шмит, заменичка на Кетрин Ештон, додека од иранска страна е заменик шефот на дипломатијата Абас Арагчи. До овие разговори доаѓа пред најавената нова рунда преговори за контроверзната иранска нуклеарна програма меѓу Техеран и петте светски сили на 16 јуни во Виена.
XS
SM
MD
LG