Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Сао Паоло


Бразилската полиција употребила солзавец за да ги растури протестите во Сао Паоло во поддршка на штрајкот на вработените во тамошното градско метро. Штрајкот предизвика вистински хаос на три дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал. Демонстрантите се судрија со полицијата кај главната метро станица во градот. Организаторите на штрајкот кој трае веќе пет дена се заканија дека ќе го продолжат и за време на Првенството доколку не им бидат зголемени платите. На 12 јуни во Сао Паoло почнува Светскиот куп со мечот меѓу Бразил и Хрватска.
XS
SM
MD
LG