Достапни линкови

Русија против одлуката на Бугарија за Јужниот тек


Рускиот амбасадор во Европската унија Владимир Чизов

Рускиот амбасадор во Европската унија Владимир Чизов

Рускиот амбасадор во Европската унија Владимир Чизов денеска ја критикуваше одлуката на Бугарија да ја суспендира работата на гасоводот Јужен тек, опишувајќи ја како скриена примена на економските санкции против Русија. Бугарскиот премиер Пламен Орешарски вчера изјави дека ја суспендира работата на гаоводот поради критиките од Брисел и од Вашингтон. Европската унија ја предупреди Бугарија дека со гасоводот ќе ги прекрши трговските правила во рамките на Унијата.
XS
SM
MD
LG