Достапни линкови

Сирија: Асад прогласи општа амнестија


Сиријскиот претседател Башар ал Асад прогласи општа амнестија за сите злосторства извршени до денеска, потег до кој доаѓа една недела по неговиот повторен избор за шеф на државата, јави сиријската телевизија. Министерството за правда соопшти дека иницијативата била покрената за помирување во земјата, откако сиријската војска ја презела контролата врз некои делови што беа под контрола на бунтовниците. Ова е петта општа амнестија од почетокот на граѓанската војна во март 2011 година.
XS
SM
MD
LG