Достапни линкови

Анкара - почна средбата Ѓул - Рохани


Иранскиот претседател Хасан Рохани во Анкара се среќава со турскиот претседател Абдула Ѓул.

Тој посетата на Турција ја оцени како обид за зајакнување на билатералните односи, и покрај конкуренцијата меѓу двата соседи за регионално влијание и длабоки разлики за сириската војна.

Новинската агенција ИСНА го цитира Рохани изјави дека подобрувањето на билатералните односи е од важност за целиот регион.

За време на дводневната посета, според иранските медиуми, ќе се разговара за енергија, трговија и економски врски меѓу Иран и Турција. Рохани ќе се сретне и со премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
XS
SM
MD
LG